Дома Фудбал Италија Капитенот на Фиорентина: Информациите се лажни, тестот помина добро

Капитенот на Фиорентина: Информациите се лажни, тестот помина добро

Резултатите од Фиренца, но и Џенова, не се охрабрувачки пред евентуалното продолжување на Серија А.

Како што објавија медиумите во Италија, тројца играчи на Фиорентина се позитивни на Ковид-19 пред почетокот на тренажниот процес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фиорентина беше меѓу најпогодените клубови на почетокот на пандемијата со 12 случаи, но сите се опоравија, но во меѓувреме се заразија уште тројца. Фудбалерот на Фиорентина, Герман Пецела се наведуваше како еден од тројцата заразени, но набрзо упати демант преку Твитер.

„Гласините кои кружат за мене за среќа се лажни, тестот помина добро. Мора да бидете внимателни кога зборувате за одредени работи.“ – напиша Пецела.

Инаку, Пацела се вклучи во помош на другарите, па некои од своите дресови одлучи да ги продаде, а парите од истите ќе ги донира во болниците кои водат жестока борба со опасниот вирус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Влаховиќ за споредбите: Не сум Нејмар, а ниту Азар или Меси…

Jувентус оваа сезона остана многу далеку од титулата шампион на Италија која вчера ја потв…