Капитенот на Тотенхем, Уго Љорис може да се пресели во Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесува „Екип“.
Еминентниот весник тврди дека голманот бара нов предизвик, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Солскјер сака да го донесе во својот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Љорис има договор со „спарси“ уште 15 месеци и не е блиску до договор со раководството за продолжување на соработката.
34-годишниот Французин сака да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед сака да ја искористи ситуацијата.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат Де Геа на крајот на сезоната и веруваат дека Љорис ќе биде идеално решение бидејќи е искусен и може да му помогне на младиот голман Хендерсон.
Tottenham s'intéresse au 3e gardien de l'équipe de France, Mike Maignan, pour la saison prochaine, ce qui pourrait offrir à Hugo Lloris une porte de sortie.
— L'ÉQUIPE (@lequipe) March 23, 2021
Vers Manchester United, par exemple https://t.co/xBktuhU3Rk pic.twitter.com/EC9huZZPUe