Дома Фудбал Останато Капитенот на Русија одби повик од селекторот поради војната во Украина

Капитенот на Русија одби повик од селекторот поради војната во Украина

Капитенот на руската фудбалска репрезентација, Артјум Џуба нема да се приклучи на тренинзите на националниот тим, кои почнуваат на 21 март.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Селекторот на репрезентацијата Валериј Карпин потврдил дека Џуба ќе отсуствува од собирот на репрезенрацијата.

„Разговараме со Артјум телефонски, не увери дека навистина сака да игра за репрезентацијата. Но, сега не може поради тешката ситуација во Украина каде има многу роднини. Се извини и замоли од семејни причини да не викаме на собирот“, изјави селекторот.

ФИФА ја исфрли Русија од баражот за пласман на Светското првенство во Катар, но и покрај таа суспензија од УЕФА и ФИФА, селекторот Карпин, најави собир на 21 март, а потоа ќе има и пријателски меч против руската селекција до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ма какво пензионирање: Лука Модриќ доби повик што не можеше да го одбие!

Многумина сметаат дека натпреварот против Португалија беше последен за Лука Модриќ во дрес…