„Дерби Дела Мадонина“ се игра вечерва од 20:45 часот, а новиот капитен на „росонерите“ има се обрати на фановите на неговиот клуб.
Ова дерби е од големо значење за двете екипи, можеби нешто повеќе за Милан, кој слабо ја започна сезоната и после седум кола освои 12 бодови и пораз би бил голем удар за Монтела и неговите избраници.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Росонерите“ ова лето доведоа 11 играчи, најголемото засилување пристигна од Јувентус, тоа беше Леонардо Бонучи.
Италијанскиот репрезентативец доби и голема чест да биде и нов капитен на клубот, а сега пред големото дерби им се обрати на навивачите.
„Сакам да ги поздравам сите навивачи на „росонерите“ ова е мое прво дерби. Наша цел е побда. Потребна ни е поддршка и од нашите навивачите. Искрено верувам дека можеме да освоиме три бода и да продлжиме да напредуваме од ден во ден. Поздрав до сите и напред Милан“, изјави Бонучи.
? @bonucci_leo19 is the last ?⚫ to star in #mymilanderby
But this journey ends with you! So send your video now and share your derby story! pic.twitter.com/WmDOGruOET— AC Milan (@acmilan) October 14, 2017