Дома Топ вести Капитенот на Лацио е примарна трансфер цел на Интер

Капитенот на Лацио е примарна трансфер цел на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во зимскиот преоден рок ќе биде капитенот на Лацио, Лукас Биглиа.

Новиот тренер Пиоли мошне добро ги познава квалитетите на Аргентинецот, затоа што заедно работеа во Лацио и токму тој инсистира повторно да го има во својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Биглиа има договор со Лацио до 2018 година, но сеуше не се отпочнати преговори за продолжување на соработката, па и самиотн ќе инсистира на преселба во Интер како чекор напред во кариерата.

„Нероаѕурите“ се спремни да платат 26 милиони евра за да му ја исполнат желбата на својот нов тренер, па останува да видиме дали оваа сума ќе биде доволна за Лацио да го пушти својот капитен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Италијанско дерби за дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…