Дома Фудбал Лига на шампиони Капитенот на Звезда: Зборуваа дека ова ќе биде тренинг за Ливерпул, сега нека веруваат во крај на светот

Капитенот на Звезда: Зборуваа дека ова ќе биде тренинг за Ливерпул, сега нека веруваат во крај на светот

savic

Навивачите на Звезда пред натпреварот со Ливерпул сакаа само едно нешто на теренот да видат тим кој ќе се бори – не веруваа во победа и чудо на „Маракана“.

Имаше и такви кои беа сигурни дека Ливерпул нема премногу да се испоти на „Маракана“ за да стигне до трите бода. Односно дека Ливерпул повеќе енергија ќе потроши на последниот тренинг отколку на тревникот на „Маракана“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таквите најави изгледа беа дополнителен мотив за играчите на Звезда за тоа сведоичи изјавата на капитенот Вујадин Савиќ.

„Демантиравме поединци кои зборуваа дека ова за Ливерпул ќе биде малку посилен тренинг. Докажавме дека не е така, туку ги намачивме и на крајот ги победивме. Сега можат да почнат да веруваат и во крај на светот“, изјави Вујадин Савиќ и продолжи:

„Веројатно ниту самите не сме свесни каков тим победивме. Покажавме дека тука е тешко да се победи, со божја помош успеавме да постигнеме два гола. Благодарен сум на целиот тим стручниот штаб и навивачите. И секако на Милан Павков кој заслужено доби вакви овации. Среќен сум поради него“, заврши капитенот на српскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…