Прославениот италијански тренер, Фабио Капело откри дека додека бил тренер на Јувентус сакал да го доведе Лионел Меси.
Во текот на својата кариера Каполо имаше прилика да соработува со голем број одлични фудбалер, а малку недостасувало на таа листа да се најде и името на Меси. Прв Меси го видел кога имал 16 години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На натпреварот кои Јувентус и Барселона го играле на турнирот „Жоан Гампер“ Меси го воодушевил Капело и поскал да го доведе во Торино
„Уште тогаш се виде дека ќе биде голем играч. Му пријдов на Рајкард и му кажав: Слушај, можеш ли на една година да ми го позајмиш Меси. Се надевав дека можам да го добијам Меси бидејќи во тој период Барселона имаше проблем со тројца играчи кои не беа во Европската унија…Сепак, Рајкард ми кажа дека ќе направат се за да го решат тој проблем. На крајот така и беше“, откри Капело.