Дома Фудбал Останато Капело опиша како Барселона поради него потпишала договор со Меси

Капело опиша како Барселона поради него потпишала договор со Меси

Славниот италијански стратег, Фабио Капело тврди дека е заслужен што Лионел Меси стана икона на Барселона.

Тој го коментираше полуфиналниот натпревар помеѓу Барселона и Ливерпул во кој Меси постигна два гола (3:0) и истакна дека имал желба да го доведе Меси во Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тогаш Меси ја започнуваше кариерата. Дебитираше на „Ноу Камп“ во пријателски натпревар против Јувентус, а Капело забележал дека се работи за вонсериски фудбалер.

Сега Капело откри детали од разговорот со тогашните челници на Барселона и тренерот Франк Рајкард.

„Тогашниот претседател Лапорта ми кажа: Меси е тука благодарение на тебе“, започна Капело и продолжи:

„Го водев Јувентус во пријателскиот натпревар против Барселона. Меси имаше 16 години и после 20 минути му кажав на Рајкард: Кај тебе игра, тој е четврти странец во екипата, дај ми го мене на една година и ќе бидете среќни. Ми одговори: Ќе најдеме некое решение за него“, истакна легендарниот стратег:

„Лапорт после се кажа: Ако Капело така мисли, тогаш ќе го задржиме. Јас потоа на прес-конференцијата после натпреварот кажав дека на тој натпревар видов некој кој ќе стане голем играч“, заврши Капело.

И беше во Право. Меси стана еден од најдобрите фудбалери во историјата, многумина ќе кажат и најдобар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…