Дома Топ вести Капа доле мајстори: Де Лихт, Рабио, Рамзи, Буфон, Пелегрини, Ромеро, Демирал за 42.5 милиони евра!

Капа доле мајстори: Де Лихт, Рабио, Рамзи, Буфон, Пелегрини, Ромеро, Демирал за 42.5 милиони евра!

Со нив веројатно нема средина или ги обожавате или ги мразите, но едно не може да им се оспори на луѓето од Јувентус – си ја знаат својата работа!

Иако минатото лето ја шокираа Европа успевајќи да го доведат Кристиано Роналдо дури ова лето покажаа какви мајстори се. Јуве ова лето ги доведе: Матијас Де Лихт, Адриен Рабио, Арон Рамзи, Џанлуиџи Буфон, Лука Пелегрини, Кристијан Ромеро и Мерих Демирал за – 42.5 милиони евра!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Добро вкупниот трошок е 151.5 милиони евра, но Јувентус од продажбата на играчи заработи 109 милиони и тука доаѓаме до разлика од споменатите 42.5 милиони евра. Што продадоа? Далеку од тоа дека тие играчи немаат квалитет, но тоа се се играчи кои нивното отсуство нема да се почуствува.

Леонардо Спинацола веројатно некој го памети по одличниот реванш против Атлетико во Лигатан а шампионите, но тој во Серија А одигра само 598 минути, а во касата тој внесе 29.5 милиони евра кога премина во Рома.

Што да се каже за останатите? Емил Аудеро, Стефано Стураро, Рикардо Орсолини, Алберто Чери, Андреа Фавили, Рожерио, Леонардо Манкузо, Лука Марино...Никој од нив не ни беше во Торино! За некои веројатно не сте ни слушнале.

Да одиме по ред: Аудеро 20 милиони евра, Стураро 16.5 милиони евра, Орсолини 15 милиони евра, Чери 9 милиони евра, Фавили 7 милиони евра, Рожерио 6 милиони евра, Манкузо 5 милиони евра, Марино 1 милион евра.

Тука требаше да бидат додадени и 15-те милиони евра од Перин кој сепак не ги помина лекарските прегледи во Лисабон и не потпиша договор со Бенфика, па ќе се врати во Торино.

Да не споменуваме дека Јувентус до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ги продаде Марио Манџукиќ и Гонзало Игуаин…Ако се прашувавте од каде пари за Киеза и/или Мауро Икарди сега веројатно ви е јасно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…