Дома Фудбал Кандидатот за претседател на Барса: Чави е вистинскиот човек, Гризман беше грешка

Кандидатот за претседател на Барса: Чави е вистинскиот човек, Гризман беше грешка

Главниот кандидат за нов претседател на Барселона, Виктор Фонт смета дека трансферот на Антоан Гризман на „Камп Ноу“ бил грешка.

Според Фонт, трансферот на Гризман и уште неколку други се правени од луѓе кои не се разбираат многу од фудбал.

„Јасно е дека Барселона не требаше да го доведе Гризман, бидејќи тој игра на иста позиција како Меси. Овој трансфер беше контролиран од претседателот на Барса, кој не е фудбалски човек“, изјави Фонт, кој има намера да го врати Чави во Барселона.

„Чави е најдобрата личност која може да го води новиот проект. Тој најдобро од сите може да го убеди Меси да остане. Двајцата се познаваат добро и Лео верува во квалитетите на Чави. Неговата улога ќе биде многу важна“, додаде Фонт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалот (ФИФА) Џани Инфантино е подготвен да…