Кандидатот за следен претседател на Барселона, Жорди Фаре изјави дека на клубот му е потребен тренер како Јирген Клоп.
После разочарувачката сезона во која Барселона остана без трофеј и беше понижена во Лигата на шампиони се случија „тектонски“ промени во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш беше донесен нов тренер, Роналд Куман, а во март клубот ќе избира нов претседател, а главен фаворит е Жорди Фаре.
„Ако Куман работи добро, тој ќе остане на клупата доколку јас станам претседател“, изјави Фаре, а потоа потврди дека веќе разговараат со Клоп.
„Веќе разговаравме со него, и се чини дека на Барса и треба таков тренер. Ова е вонреден момент, и Куман е добро решение за реномето на Барселона. Поради неговиот карактер, мислам дека тој е она што му треба на тимот“, рече Фаре.