Репрезентацијата на Македонија до 21 година ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.
На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски” гостува Украина. Пет дена подоцна на Националната арена “Тодор Проески” го пречекуваме топ фаворитот во групата, селекција на Франција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Селекторот Канатларовски фокусот го става на натпреварот со Украина, додека Франција ја истакна како апсолутен фаворит.
„Задоволен сум од освоените четири бода од последните квалификациски натпревари, особено мечот против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен.
„Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција. Не очекуваат два извонредно тешки натпревари против силни и квалитетни селекции. Фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за освојување на три бода треба да ја бараме на овој натпревар. Франција е апсолутен фаворит во групата. Треба да покажеме пред сѐ квалитет и храбра игра на двата меча. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во добро светло пред домашната публика“.
Стефан Чолаковски и Метју Божиновски нема да можат да помогнат поради ковид ограничувањата.
„Повторно се соочуваме со проблеми и отсуство на неколкумина стандардни фудбалери во тимот. Стефан Чолаковски и Метју Божиновски се многу важни за оваа селекција, но за жал и на овие натпревари не добија дозвола од нивните клубови поради здравствени Ковид-19 ограничувања. Агон Елези, исто така многу битен фудбалер, поради повреда нема да биде во можност да конкурира за настап. Дополнителен проблем за нас претставува и фактот што голем дел од репрезентативците, посебно од домашниот шампионат, немаа голема минутажа во клубовите. Но, тоа е предизвик со кои се соочуваме веќе извесен период. Сепак, гледаме позитивно и веруваме во наши добри натпревари“, изјави Канатларовски.