Барселона вечерва го порази Реал Сосиедад со 1:0 во рамките на последното 38. коло од шпанската Ла Лига и на најдобар можен начин ја прослави титулата првак на Шпанија.
Вечерашниот натпревар беше посебен и по тоа што од дресот на каталонците се опрости легендарниот Андрес Иниеста, кој целата досегашна кариера ја помина во овој клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барса дојде до воство на почетокот од второто полувреме, поточно во 57. минута кога Бразилецот Фелипе Кутињо ја продолжи серијата голови и го донесе својот тим до водство. Покасно се воспостави дека ова беше и конечен резултат на натпреварот.
Иниеста од игра излезе во 82. минута кога го замени Пако Алкасер и доби големи овации од Камп Ноу.