Дома Фудбал Како ќе изгледа Атлетико следната сезона? „Марка“ најавува формации со три напаѓачи! (ФОТО)

Како ќе изгледа Атлетико следната сезона? „Марка“ најавува формации со три напаѓачи! (ФОТО)

Атлетико се уште не е спремен да се раздели со Антоан Гризман и од Барселона бара уште 80 милиони евра, иако Барса вчера го потврди трансферот. За тоа време Симеоне гледа напред и го спрема тимот за наредната сезона.

Во новата сезона сезона интересно ќе биде да се види како ќе игра Симеоне со Алваро Мората, Жоао Феликс и Диего Коста.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На оваа тема сега пишува „Марка“. Нападот на Атлетико е прилично скап Феликс беше платен 126 милиони евра, додека за Мората вкупно со позајмицата и откупот „јорганџиите“ платија 63 милини евра.

Симеоне вообичаено играше со 4-4-2, но сега не се очекува некој од Коста, Мората и Феликс да биде резерва место треба да има за сите тројца, па се наметнува очекување дека ќе го гледаме Атлетико во нова формација.

Не е дека на Атлетико формација со три напаѓачи му е непозната. Минатата сезона Коста, Мората и Гризман играа заедно против Алавес, Атлетик Билбао и Рајо Ваљекано. Впечатоците беа измешани бидејќи Атлетико на „Сан Мамеш“ одигра лошо, на „Мендизироза“ славеше, додека во Ваљекас формацијата беше променета после само половина час игра.

Феликс не само што ја наследи седмицата на Гризман туку би требало да ја добие и неговата улога. Жоао ќе има целосна слобода во движењето со тоа што ќе има обврска да помага и во дефанзивните задачи.

Ако овие информации на „Марка“ се точни тогаш не треба да се очекува заминување на Диего Коста како што се претпоставуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …