Дома Фудбал Италија Како Спалети го донесе Интер на врвот во Италија?

Како Спалети го донесе Интер на врвот во Италија?

Лучијано Спалети својата тренерска афирмација ја стекна во Унинезе кога со тимот од „Фриули“ стигна до квалификациите од Лигата на шампиони. Потоа се пресели во Рома каде ги потврди своите квалитети и ги освои првите два трофеи.

Во својот прв престој во Рим се бореше против Интер на Мачини, тогаш најдоминантниот тим во Серија А и успеа да освои две Куп титули.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 2009 година ја напушти Рома и се пресели во Русија каде остана цели пет години и со Зенит освои две шампионски титули и еден Куп. Во јануари 2016 година Спалети се врати во Рома каде остана година и половина и ја врати „волчицата“ на врвот на италијанскиот фудбал.

Ова лето Спалети го доби најголемиот предизвик во кариерата и седна за „жешкото“ столче на миланскиот гигант Интер. Иако на почетокот имаше скепса кај фановите и критичарите, неговиот Интер вчера со победата над Киево после долго време се врати на врвот на табелата.

Влијанието на Спалети е огромно – Интер во првите 15 кола е непоразен, има 12 победи, 33 постигнати гола и само 10 примени. Кандрева игра како препороден и е прв асистент во лигата, Икарди ги предвори стрелците со 16 погодоци, а Перишиќ блеска со 7 гола и 6 асистенции.

Јуто Нагатомо во клубот е од 2011 година, „преживеа“ 12 тренери, но секогаш беше персонификација на слабостите на Интер, а Спалети успеа да го „прероди“ и Јапонецот.

Најголемите критики на сметка на италијанскиот тренер во досегашниот дел од кариерата беа поради недостатокот од големи трофеи. Спалети освои два Купа со Рома, но никогаш не успеа да го освои Скудетото. Освои две титули со Зенит, но тоа и се очекува од најбогатиот тим во Русија. Колку и добра работа за завршува во клубовите, секогаш го следи фактот дека нема голема и важна титула.

Интер на почетокот на сезоната се мачеше и не делуваше претерано убедливо, но Спалети од Интер создава проект кој постепено се развива. Веќе сега, на една третина од сезоната, „нероаѕурите“ имаат препознатлив систем на игра и јасна филозофија.

Што се однесува до тактиката, Спалети во Интер не изгради радикален стил на фудбал, како на пример Сари во Наполи – неговиот системе прагматичен и главен адут му е одличното предводење на соблекувалната и мотивацијата на своите ѕвезди. Перишиќ неодамна призна дека го одбил Манчестер Јунајтед исклучуво поради Спалети, а Италијанецот исто така има одличен однос и со Икарди.

Неговиот Интер е организиран, одлично се брани и има брза транзиција према напред, па поради тоа прима малку голови, а постигнува многу.

Следниот викенд „нероаѕурите“ ќе го имаат најтешкиот испит будејќу му гостуваат на актуелниот шампион Јувентус, дали ќе успеат да ја срушат „империјата“ останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вејн Руни го критикуваше Ван Дајк: Еден капитен не смее така да зборува

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Д…