Дома Топ вести Рамос после паненката на Суарез: Момци, да не примиме шест!

Рамос после паненката на Суарез: Момци, да не примиме шест!

Барселона вчера на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Реал Мадрид со убедливи 0:3 и така се избори за пласман во финалето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид вчера играше добро, посебно во првото полувреме. Сепак, „кралевите“ не ги искористија своите шанси, додека од Барселона погодија скоро се. Реал така доживеа елиминиција, а Барселона ќе го чека подобриот од натпреварот помеѓу Валенсија и Бетис.

На играчите на Реал сигурно не им беше лесно. Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос после паненката на Луис Суарез за 0:3 имаше една „молба“ до своите соиграчи.

„Одиме момци! Да не им дозволиме да ни дадат шест гола“, им дофрлил Рамос на соиграчите и оваа негова реакција беше забележана од камерите.
На крајот и остана 0:3. Реал беше подобар во поголемиот дел од натпреварот, но изгуби па им преостанува да се насочат кон првенството и Лигата на шампионите.

Стратегот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари после натпреварот сметаше дека неговиот тим одиграл добар натпревар и дека заслужиле да бидат во полуфиналето.

„Требаше да постигнеме гол и да бидеме во финалето, создадовме многу прилики…Но не постигнавме гол…Во фудбалот постојат голови и шанси. Ние имавме само шанси, но ниту една не претворивме во погодок. Сега тажни си одиме дома“, изјави Солари, а на крајот потенцираше и дека тимот треба да продолжи со ваквата игра.

https://www.youtube.com/watch?v=1jGBJvRxjo8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шампионот Интер стартува против Монца, Јувентус и Милан стартуваат на гостувања

Денес беше извлечен ждребот и стана позната програмата за новата сезона 2026/27 во Серија …