Дома Фудбал Италија Како реагирал Роналдо на отказот на Алегри?

Како реагирал Роналдо на отказот на Алегри?

Јувентус вчера соопшти дека Масимилијано Алегри на крајот од сезоната ќе ја напушти тренерската позиција после пет сезони поминати во Торино.

Алегри со „старата дама“ освои пет титули во низа шампион на Италија, но не успеа да стигне до главната цел на италијанскиот шампион. Секако, тоа беше освојување на Лигата на шампиони. Алегри два пати беше блиску до такво нешто бидејќи играше финале, но ги изгуби тие натпревари од Барселона и Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво во 2015 година изгуби од Барселона, а две години подоцна на патот до трофејот му застана другиот шпански гигант, Реал Мадрид. Оваа сезона од Јувентус многу се очекуваше во најелитното европско натпреварување, но Алегри патот го заврши во четвртфиналето кога беа елиминирани од Ајакс и тогаш беше јасно дека тешко ќе остане на тренерската позиција.

Вчера Алегри се огласи и во медиумите.

„Беа потребни пет години да се изгради овој Јуве, но тоа е тоа. Животот е таков, сега си одам дома, а потоа ќе одморам малку покрај море. Не знам кој ќе ме наследи, но Јувентус ќе донесе голем тренер, бидејќи е голем клуб. Ова беа пет години исполнети со голема љубов, за мене тоа е долг период“, додаде италијанскиот тренер“, гласеше вчерашната изјава на сега веќе поранешниот тренер на Јувентус.

Во италијанските медиуми утрово се појави и вест за тоа како реагирал Кристиано Роналдо кога дознал за отказот на Алегри.

Италијанците пишуваат дека Роналдо на тренингот каде што бил со останатите соиграчи искажал огромна поддршка и на Алегри му порачал дека целиот тим стои зад него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…