Ромелу Лукаку изминатото лето беше блиску да се врати во Интер, меѓутоа на крајот тој трансфер пропадна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Белгиецот во последен момент се премисли и не одговарал на повиците на луѓето од Интер, па поради таквиот однос доби пеколен пречек од навивачите изминатиот викенд кога „нероѕурите“ ја победија Рома со 1:0.
Директорот на Интер, Пјер Аусилио сега објаснува како пропаднал трансферот на Лукаку.
„Ретко зборува за фудбалер кој е во друг клуб, во изминатите месеци не сум го направил тоа. Велам дека сакам само да мислам на сегашноста и иднината, а Лукаку е дел од минатото.
Со него го освоивме Скудетото, ни донесе значителна капитална добивка, и загубивме две финалиња. Но, доколку некој исчезне и не во одговара на телефонските повици… тоа беше неприфатливо. Со Лукаку се заврши на 8. јули откако неколку дена се обидувавме да го добиеме“, објасни Аусилио.