Кошаркарскиот агент Миодраг Ражнатовиќ при гостувањето на ТВ емисија во Србија објасни како Никола Јокиќ стигнал до НБА лигата.
Јокиќ беше драфтуван како 41 пик од страна на Денвер Наџентс директно од Мега, а денес е еден од најдобрите центри во НБА лигата кого наскоро го очекува договор вреден 150 милиони долари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Твитер имаше важна улога во пристигнувањето на Јокиќ во НБА. Играчите кои немаат 22 години кога ќе се пријават на драфтот ја имаат таа можност во еден момент да се откажат. Јокиќ до последниот ден немаше гаранција дека ќе биде драфтуван и јас утрото објавив твит дека Јокиќ се повлекува од драфтот, но не испратив писмо бидејќи преостануваа уште 18 часа. Американците лошо реагираа ме повикуваа и ми кажуваа „немој, зошто“….Им кажав дека некој мора да ми обезбеди гаранција. Денвер на три, четири часа пред истекот на рокот ми соопшти дека ми даваат гаранција за местото 41 и Јокиќ остана. Пред десет години ја немав таа можност за 30 секунди да известам 30 НБА клубови“, изјави Ражнатовиќ.