Дома Фудбал Лига на шампиони Како Меси во 2008 година држеше лекции по фудбал на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Како Меси во 2008 година држеше лекции по фудбал на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Ждребот во четвртфиналето во Лигата на шампионите кој беше одржан вчера ги спои Манчестер Јунајтед и Барселона кои се стари ривали.

Барселона и Манчестер Јунајтед последен пат играа пред осум години во финалето од Лигата на шампионите кога каталонскиот клуб славеше со 3:1 на „Вембли“, а само две години пред тоа ги поразија во финалето во Рим со 2:0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред тоа Барселона и Јунајтед се сретнаа во 2008 година кога Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на шампионите. Јунајтед и Барселона се сретнаа во полуфиналето, а на крајот се радуваше англискиот клуб.

Но, после натпреварот на „Олд Трафорд“ многумина беа воодушевени од играта на Лионел Меси кој штотуку се претставуваше на светската јавност. Меси одигра неверојатен натпревар на „Театарот на соништата“ и доби високи оценки.

Аргентинецот им правеше големи проблеми на играчите на Јуанјтед, но најмногу на Пол Сколс. Легендарниот играч за врска немаше решение за Меси кој го излудуваше со своите дриблинзи.

Меси така после 11 години се враќа на „Олд Трафорд“, но сега како изграден во еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Дали повторно ќе ја гледаме неговата магија останува да видиме наредниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…