Фудбалска Италија е бесна! И со право. Она што клубовите од Апенините оваа сезона го доживеаа во европските натпреварувања им дава за право да се запрашаат дали станува збор само за случајност.
„Судењето се менува. Примивме гол во првиот натпревар од офсајд, а вечерва не беа досудини два пенали, од кои еден беше и чист црвен картон. Време е да го подигнеме својот глас, не само Рома, туку и Јувентус кој слично помина против Реал Мадрид. Италијанскиот фудбал мора да го подигне својот глас бидејќи ова што го видовме вечерва е шокантно“, изјави спортскиот директор на Рома, Мончи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан, Јувентус и Рома беа елиминирани оваа сезона благодарение на контроверзни судиски одлуки во Лига Европа и Лига на шампипони.
Арсенал – Милан
Милан во првиот натпревар заслужено загуби од Арсенал на „Сан Сиро“, но момците на Џенаро Гатузо вистинското лице го покажаа на „Емирати“. „Росонерите“ поведоа со голот на Чаланоглу, но во 38-та минута започна судиското шоу.
Дани Велбек безобразно одглуми прекршок во казнетиот простор, а судијата Ериксон покажа на белата топчка.
Само неколку минути подоцна, при крајот на првото полувреме Чемберс очигледно играше со рака пред својот гол, но шведските судии останаа неми и не досудија пенал за „росонерите“.
Реал Мадрид – Јувентус
Јувентус после тешкиот пораз од 3:0 во Торино отпатува во Мадрид каде уште во 60-та минута ја анулираше негативата со два гола на Манџукиќ и еден на Матуиди.
Тој резултат беше активен се до 93-та минута и кога сите очекуваа продолженија, судијата Мајкл Оливер досуди „спорен“ пенал за Реал Мадрид во последните секудни од натпреварот.
If Vazquez was, say, Mandzukic and Benatia was Ramos, everyone would be screaming for a penalty. Your hate and bias towards Real Madrid is so obvious. pic.twitter.com/U7FZxD9PwU
— N | K13V (@Baleinho) April 12, 2018
Рома – Ливерпул
Рома синоќа иако губеше на полувремето до 1:2, одигра фантастично второ полувреме и победи со 4:2, а ако не беа судиските грешки можеше да направи уште едно „чудо“.
„Волчицата“ беше оштетена за два пенали. Најпрво Џеко беше соборен од голманот Кариус во шеснаесетникот, а судијата досуди пенал кој не постоеше.
Потоа во 63-та минута, при резултат 2:2, Арнолд играше со рака пред својот гол и требаше да биде досуден пенал и црвен картон за играчот на Ливерпул, но судијата Скомина остана нем.
EXCLUSIVE: Referee Skomina after the game in the changing room felt destroyed after realising the mistakes, admitted he was wrong
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) May 2, 2018