Дома Фудбал Останато Како денес живее легендата на Јувентус далеку од очите на италијанската јавност? (ФОТО)

Како денес живее легендата на Јувентус далеку од очите на италијанската јавност? (ФОТО)

Легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро кариерата ја заврши пред пет години, а после големиот успех кој го имаше на фудбалските терен прилично ужива во Лос Анџелес.

Дел Пиеро е далеку од очите на италијанската јавност, но очигледно популарниот „Пинтуричио“ максимално ужива во луксузот со кој се стекна.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Алекс живее во една од најскапите населби во Лос Анџелес, позната како Бел Аир. Куќата ја купи минатата година за 5.5 милиони евра, а први соседи му се Џек Николсон, Силвестер Сталоне, Џенифер Лопер и Руд Стујарт.

Кога не е тука времето го поминува во својот фудбалски клуб. Без најважната споредна работа на светот не може, па вложува пари во тимот ЛА10 ФК кој барем засега игра во пониските американски лиги.

Многу често Дел Пиеро може да се види во друштво на други познати личности. Џулија Робертс, Арнолд Шварценегер, Џони Деп, Коби Брајант се само некои од познатите ѕвезди со кои се дружи.

Дел Пиеро скоро целата своја кариера ја помина во дресот на Јувентус каде што играше од 1993 до 2012 година. Во Торино Алекс пристигна од редовите на Падова за која играше две години од 1991 до 1993 година.

Во финишот на кариерата се проба во австралиската лига во тимот на Сиднеј, а подоцна и во индискиот Делхи Динамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…