Германскиот фудбалер Месут Озил пред седум години стигна во Арсенал од Реал Мадрид како големо засилување.
Озил на тој начин стана далеку најплатен играч на лондонскиот клуб, но веќе скоро две години го нема ниту на мапа. Овој 32 годишен играч за врска со месеци не одиграл натпревар за Арсенал и изгледа дека тоа нема да се промени.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој има договор до крајот на сезоната и Арсенал се обиде да го продаде со цел да го ослободи буџетот, меѓутоа тој тоа го одби. Сега „топџиите“ го казнуваат Озил, па му зададоа нов удар.
Англиските медиуми објавија утрово дека Микел Артета одлучил да го отстрани Озил од списокот играч за Премиер лигата и така ќе биде најмалку до јануари. За Озил останува шанса само да игра во Лига Купот или ФА Купот.
Mesut Ozil will not be included in Arsenal's 25-man Premier League squad. pic.twitter.com/EkeUiSpuVA
— SPORTbible (@sportbible) October 20, 2020