Дома Топ вести „Како гром од ведро небо“! – Јунајтед го договори првото засилување, навивачите бесни!

„Како гром од ведро небо“! – Јунајтед го договори првото засилување, навивачите бесни!

Познати и деталите, навивачите незадоволни.

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед го договори трансферот на Лукас Моура од редовите на ПСЖ.

Ова попладне пристигна изненадување, заборавениот Бразилец ќе го засили тимот на Жозе Мурињо за 25 милиони евра.

Од доаѓањето на Нејмар и Килијан Мбапе, Моура е целосно отпишан на „Паркот на принцовите“ каде што местото го изгуби уште пред една година со пристигнувањето на Лукаш Моура.

Кога во прашање се навивачите на Манчестер Јунајтед, поголемиот дел се незадоволни и веќе пишуваат дека на барањата на Мурињо да му биде доведен некој од Гризман, Перишиќ, Бејл или Дибала, тој го довел просечниот Бразилец од ПСЖ.

Тој во ПСЖ пристигна во 2013 година за тогаш огромни 45 милиони евра и до сега одигра дури 228 и постигна 45 погодоци во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…