Дома Фудбал Како во шпанскиот сојуз му заштедија на Реал Мадрид 2 милиони евра

Како во шпанскиот сојуз му заштедија на Реал Мадрид 2 милиони евра

Јулијан Лопетеги е поранешен селектор на шпанската репрезентација, а нов тренер на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вчера беше објавено дека Лопетеги само два дена пред првиот натпревар на Мундијалот доби отказ. Причината беше договорот со Реал. Меѓутоа, нема во Мадрид многу да жалат поради тоа. Оваа одлука во сојузот на репрезентацијата на Шпанија директно на Реал му заштеди 2 милиони евра.

Имено, толку изнесуваше вкупната клаузула на Лопатеги, која стоеше во договорот кој овој стратег го имаше со репрезентацијата до 2020. година. На овој начин, во Реал целосно бесплатно ќе потпишат со новиот тренер, а како Шпанија ќе се снајде со именување на селекторот само 2 дена пред почетокот на најголемото репрезентативно натпреваруање, останува голема енигма. Барем уште некое време.

Потсетуваме, Шпанија на Мундијалот официјално ќе ја води иконата на шпанскиот фудбал Фернандо Хиеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oбјавена платата на новата ѕвезда на Сити од 135 милиони евра, еве колку ќе заработува

Манчестер Сити се договори со Нотингем Форест за трансферот на Елиот Андерсон, кој достига…