Дома Топ вести Каков пресврт – Харт кариерата ја продолжува во Манчестер Јунајтед?

Каков пресврт – Харт кариерата ја продолжува во Манчестер Јунајтед?

Пред англискиот голман, Џо Харт е многу неизвесна иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој минатата сезона ја помина на позајмица во Торино, а ова лето се врати во Манчестер Сити и се уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Многумина споменуваат дека тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола планира да го испрати на уште една позајмица, но „Sunday Express“ денеска донесува информаија дека овој голман кариерата би можел да ја продолжи во Манчестер Јунајтед и тоа за 25 милиони фунти.

Овој англиски голман кариерата би можел да ја продолжи во редовите на големиот ривал, а таквата одлука сигурно не би им се допаднала на навивачите на Манчестер Сити.

Потсетуваме дека Харт е член на Манчестер Сити од 2006. година, а во текот на изминативе години си заминуваше на позајмица во разни клубови, а ова лето ќе видиме дали конечно ќе може да го промени клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…