Дома Фудбал Италија Каков потег: Играчите на Парма се откажаа од априлските плати

Каков потег: Играчите на Парма се откажаа од априлските плати

Клубовите во Серија А со нетрпение чекаат дозвола да почнат да тренираат за продолжение на сезоната.

Серија А беше прекината пред нешто повеќе од еден месец поради пандемијата со коронавирусот, а претходните недели во Италија беше најлоша ситуацијата што се однесува на ширењето на оваа зараза. Се уште не е познато кога ќе продолжи првенството, но од ден во ден пристигнуваат се повеќе позитивни информации.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Клубоите би требало да почнат да тренираат од 4. мај, а првенството би можело да продолжи кон крајот на месецот. Јасно е дека скоро сите клубови се погодени финансиски од оваа ситуација, но играчите покажаа големо срце бидејќи се откажаа од поголемиот дел од платата.

Но, потегот кој ја воодушеви италијанската јавност го направија играчите на Парма. Имено, овој клуб соопшти дека играчите и стручниот штаб се откажале од априлските плати за клубот да ги покрие трошоците за останатите вработени.

На тој начин никој во Парма не мора да добие отказ што секако е одлична вест. Во клубот веруваат дека сезоната ќе продолжи следниот месец, и играчите ќе бидат наградени за овој потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…