Дома Останати Кошарка Каков „крал“ – блокада и тројка на Џејмс со звукот на сирената, Џорџ и Вестбрук ја вратија Оклахома од „мртвите“ (Видео)

Каков „крал“ – блокада и тројка на Џејмс со звукот на сирената, Џорџ и Вестбрук ја вратија Оклахома од „мртвите“ (Видео)

Изминатата вечер од НБА плеј-офот беа одиграни четири натпревар.

Кливленд во возбудливи натпревар стигна до победа од 98:95 и поведе со 3:2 во серијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кавси до предност од 3:2 стигнаа благодарение на фантастичниот Леброн Џејмс. Џејмс прво при резултат 95:95 го изблокира Виктор Оладипо, а потоа во последниот напад погоди тројка со звукот на сирената.

Најдобриот играч на Кливленд натпреварот го заврши со 44 поени, 10 скокови и осум асистенции. Кајл Корвер исто така пружи важен доприност со 19 поени и пет погодени тројки, Кевин Лав стигна до дабл-дабл од 11 поени и 10 скокови.

Кај Индијана најефикасен беше Сабонис со 22 поени, Бојан Богдановиќ постигна 11. Оладипо одигра лош меч со само 2-15 од игра. Демар Дерожан беше одличен со 32 поени, Џон Вол додаде 26, а Бредли Бил 20 поени.

Тимот на Хјустон си ја заврши работата и со 4:1 во серијата ја елиминираше Минесота. Рокетси во овој меч славеа со 122:104.

Џејмс Харден постигна 24 поени, Клинт Капел имаше дабл-дабл со 26 поени и 15 скокови.

Во редовите на Минесота Карл Ентони Таунс уфрли 23 поени со 14 скокови.

Петтиот натпревар помеѓу Оклахома и Јута имаше чудесен расплет, домаќинот успеа да се врати од -25 и да го изедначи резултатот во третата четвртина во која Расел Вестбрук постигна 20 поени.

На крајот Оклахома славеше со 107:99 и се избори за шести дуел (3:2).

Вестбрук и Џорџ заедно уфрлија 79 поени, 54 во второто полувреме. Минатогодишниот МВП натпреварот го заврши со 45 поени, 15 скокови и седум асистенции, Пол Џорџ уфрли 34 поени.

За Јута Донован Мичел постигна 23 поени, Џејл Краудер 27.

Со 3:2 во серијата поведе Торонто кој на свој паркет славеше победа над Вашингтон од 108:98.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Митев: Горд сум што сум Македонец, пбуликата ни даде дополнителна мотивација!

Maкедонската ракометна репрезентација вчера одигра фантастичен натпревар и со победа од ос…