Дома Фудбал Останато Какви казни им се закануваат на хулиганите кои направија хаос во Грција?

Какви казни им се закануваат на хулиганите кои направија хаос во Грција?

Сите 94 уапсени лица кои грчката полиција ги приведе по навивачките нереди пред натпреварот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо ќе бидат изведен пред суд.

Според информациите се проценува дека уште најмалку 50 хрватски навивачи се во бегство, а во тек се лабараториските ДНК испитувања за да се докаже идентификацијата за сторителите на убиството.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во разговор за „Н1“ телевизијата адвокатот Фаран Олујиќ зборуваше какви казни може да добијат хулиганите кои направија хаос.

„Дури и ако некои од тие лица се вратат во Хрватска целосно е можно подоцна да бидат вратени во Грција. Постои европски налог и ако вас ве бара судот во Атина или Копенхаген, исто е како да ве бара судот во Ријека или Сплит“.

„Ќе биде навистина тешко да се индивидуализира вината и да се најдат конкретните сторители. Ова потсетува на судирите помеѓу Торците и ББ. Тешко е да се прецизираат работите“.

„Треба да се види како судот во Грција ќе го квалифицира овој случај. Тие не дојдоа во Грција да навиваат за својот клуб, веројатно пристигнале таму со помисла да направат кривично дело. На оние кои ќе бидат осомничени сигурно ќе им се суди во Грција, но тоа не значи дека хрватската полиција нема да се интересира бидејќи може оправдано да се претпостави дека ова не им е првпат да учествуваат во навивачки нереди надвор од Хрватска“, зборува Олујиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …