Дома Фудбал Англија Каква радост: После 51 година се пласираа во повисок ранг! (Видео)

Каква радост: После 51 година се пласираа во повисок ранг! (Видео)

Фудбалерите на Ковентри се пласираа во Лига 1 откако денес во финалето од плеј-офот го победија Екстер на „Вембли“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Култниот стадион неодмана беше домаќин на Фулам и Астон Вила кои се бореа за влез во Премиер лигата, а денес се играше финалето во плеј-офот за промоција во Лига 1.

Ковентри после 51 година успеа да се врати во Лига 1 откако славеше со 3:1. Сите погодоци на натпреварот беа постигнати во второто полувреме.

Прво Вилис во 49 минута погоди за 1:0, Шипли три минути подоцна го зголеми водството, а во 68 минута Гример беше стрелец за 3:0. Екстер утешниот погодок го постигна дури во финишот од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …