Дома Останати Кошарка Каква драма, каков егал: Охриѓанецот Осман трагичар за Турција против САД на СП!

Каква драма, каков егал: Охриѓанецот Осман трагичар за Турција против САД на СП!

Каква драма, каков егал! Во спектакуларен натпревар САД со слободни фрлања во последните секунди славеше над Турција.

Ова дефинитивно беше најдобриот натпревар на СП досега и оние кои го гледаа сигурно се чудат како Турција успеа да го загуби. Доволно е да кажеме дека Турција во продолжението на помалку од една минута до крајот имаше поен предност и во тој период проомашија неверојатни четири слободни фрлања! На крајот САД победи со 93:92.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На кратко као изгледаше финишот од овој натпревар:

Чеди Осман кој е роден во Охирд имаше голем учинок во оваа драма. Тој имаше прилика да го реши мечот со двете слободни фрлања во финишот меѓутоа не беше прецизен, па така може да се каже дека испадна трагичар, а можеше да биде и херој.

Во еден момент изгледаше дека Осман го направи клучниот момент бидејќи постигна поени и беше фаулиран. Тоа беше моментот по кој Турција дојде до водство кое сепак не успеа да го задржи.

Турција беше рамноправен противник скоро целиот натпревар, освен краткиот период кога САД имаше предност од 15 поени разлика, меѓутоа Турците брзо се вратија во натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Меѓународната скијачка федерација не го признава рекордот на Кобајаши

Рјоју Кобајаши можеби го собори светскиот рекорд во ски скокови за речиси 40 метри во сред…