Дома Фудбал Каква дисциплина: Баерн ја понижи Звезда па го направи неочекуваното

Каква дисциплина: Баерн ја понижи Звезда па го направи неочекуваното

Баерн синоќа ја понижи Црвена звезда со 0:6 на стадионот Рајко Митиќ. Брилијантниот Роберт Левандовски постигна само четири гола за само 15 минути.

По ваквото демолирање на противникот, фудбалерите на Баерн се очекуваше да добијат одредено време да се опуштат и да се вратат дома во Минхен.

Сепак, по натпреварот, Ханси Флик им даде јасна задача на своите играчи – ги испрати на трчање!

Имено, фудбалерите на германскиот шампион по натпреварот заминаа на помошниот терен на стадионот Рајко Митиќ каде одработија кондиционен тренинг.

Можеби овој потег на великаните од Баварија најдобро илустрира колку е сериозен Баерн и зошто со децении со право е еден од најуспешните клубови во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …