Дома Фудбал Италија Кака се потсети на убавите денови и го пофали Гатузо: Одличен е, има се што потребно

Кака се потсети на убавите денови и го пофали Гатузо: Одличен е, има се што потребно

kaka

Бразилецот, Рикардо Кака овој викенд присустувваше во Милано и го гледаше големото дерби помеѓу Милан и Рома на „Сан Сиро“, но ја искористил и приликата да го посети тренингот на својот поранешен соиграч, Џенаро Гатузо.

Кака одлично го познава Гатузо, беа соиграчи во Милан пред тој да се пресели во Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Причината за враќањето на Кака во Милано е што Бразилецот се подготвува за директорска позиција во Милан, се уште не е дефинирано за што точно се работи.

„Миланело буди толку убави спомени кај мене, доживеав прекрасни денови на ова место. Го гледав тренингот и морам да кажам дека бев воодушевен од начинот на кој Гатузо работеше со играчите. Тој ја има истата енергија како и кога беше играч, знае одлично да ги мотивира играчите, но може да се забележи и дека добро ја научил тренерската работа. Рино има се што е потребно да биде успешен и во оваа работа“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави го фалеше Реал Мадрид пред „Ел Класико“: Не може случајно двапати да го елиминирате најдобриот тим во светот

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез го пофали Реал Мадрид во пресрет на неделниот натпрев…