Дома Фудбал Италија Кака се врати во Милано и во првата изјава не го криеше воодушевувањето

Кака се врати во Милано и во првата изјава не го криеше воодушевувањето

Легендарниот фудбалер на Милан, Рикардо Кака пристигна во Милано со цел да превземе една од директорските позиции во таборот на „росонерите“.

Рикардо Кака помина седум години во Милан и своите најдобри денови од кариерата ги помина токму тука.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По слетувањето во Милано Кака не го криеше воодушевувањето, иако се уште не е дефинирано каква ќе биде неговата улога во клубот.

„Многу сум среќен секогаш кога доаѓам тука. Го гледав натпреварот против Наполи и се надевам дека Милан ќе има добра сезона. Зборував со Леонардо, ние сме добри пријатели, но се уште не сме донеле одлука каква функција ќе имам“.

„Ќе го гледам и натпреварот помеѓу Милан и Рома и очекува победа на Милан. Многу сум среќен бидејќи Гатузо е тренер. Секогаш беше одлучен и поседуваше победнички менталитет. Сега се надевам дека заедно ќе успееме да го вратиме овој клуб онаму каде што припаѓа“, изјави Кака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…