Фудбалерите на Виљареал вчера на гости беа поразени од Бетис со 2:1 во рамките од 31-то коло во шпанската Ла Лига.
Виљареал се бори за опстанок во друштво на најдобрите, но запишаа уште еден пораз. Подобар од нив овој пат беше Бетис кој однесе победа од 2:1 иако „жолтата подморница“ имаше шанси да освои барем бод.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, гостите во 89-тата минута добија пенал, а одговорноста ја превзема Санти Казорла. Сепак, искусниот играч не успеа да постигне гол и резултатот остана 2:1.
Колку ова промашување го потресе Казорла најдобро можеше да се види на снимката после натпреварот. Тој остана во тунелот и едноставно не можеше да ги сокрие своите солзи после пропуштената шанса да донесе бод за својот тим.
https://www.youtube.com/watch?v=8NLH5BW0wL8
Виљареал се наоѓа на 18-тата позиција, веднаш под позициите кои обезбедуваат опстанок, имаат ист број на бодови како и Ваљадолид (30) кој е пред нив.
Santi Cazorla looking devastated after his late missed penalty for Villarreal v Real Betis ?
Villarreal lost 2-1 and are in La Liga’s relegation zone.
(H/T @javimatagil)pic.twitter.com/uWL9OJX83W
— GiveMeSport Football (@GMS__Football) April 7, 2019