Дома Фудбал Кавани ќе дебитира против ПСЖ

Кавани ќе дебитира против ПСЖ

Новото засилување на Манчестер Jунајтед, Единсон Кавани нема да може да дебитира за „црвените ѓаволи“ на следниот натпревар во Премиер лигата против Њукасл.

Причината за ова е што Уругваецот е во задолжителен карантин од 14 дена на кој се подложени оние странците кои влегуваат во Англија.

Ова значи дека на 17 октомври, кога ќе се игра натпреварот со Њукасл, напаѓачот сепак ќе биде во карантин. Три дена подоцна,  Манчестер Јунајтед гостува на поранешниот клуб на Кавани, Пари Сент Жермен во натпревар од Лигата на шампионите.

Уругваецот ќе има право на настап на овој натпревар, но сигурно нема да биде целосно подготвен, бидејќи практично нема да тренира со своите нови соиграчи.

Сепак, Солскјер сигурно ќе го искористи фактот што Кавани добро го познава тимот на Томас Тухел и ќе го повика за овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…