Мирот во соблекувалната на ПСЖ пред неколку недели го наруши двоецот Едисон Кавани – Нејмар.
Конфликтот помеѓу овие двајца фудбалери започна во натпреварот против Лион. Кавани ја земата топката за да изведе пенал, но во неговата намера се попречи Нејмар. На крајот Уругваецот не попушти. Го изведе пенало и промаши.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нејмар и Кавани по овој момент беа во отворен конфликт кој на крајот сепак беше решен. Бразилецот на крајот му се извини на својот соиграч, а Кавани потврди дека случајот „пенал“ веќе е минато.
„Случајот околу пеналот е минато. Таквите работи се случуваат во фудбалот. Мораме да пронајдеме решение доколку сакаме да функционираме како тим. Не треба да бидеме конкуренти, но ниту пријатели. Сметам дека решението е да биде професионалци на теренот, а надвор од него секој си има свој живот“, порача Кавани.
Уругваецот ги демантираше информациите дека одговорноста за изведување на пеналите му е одземена.
„Тренерот одлучува за тоа, тој знае што е најдобро за тимот. Веројатно ќе успее да пронајде решение. Како ќе одлучи тој така ќе биде. Дали донел одлука? Мислам дека не’, истакна Кавни.