Дома Останати Кабиб: И мојот тим не ми дава шанса против Флојд – тоа ме мотивира!

Кабиб: И мојот тим не ми дава шанса против Флојд – тоа ме мотивира!

УФЦ шампионот, Кабиб Нурмагомедов најави борба со американскиот боксер Флојд Мејведер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рускиот борец неодамна ја одбрани титулата во УФЦ со победа над Ирецот, Конор Мекгрегор со што го подобри својот скор на 27:0.

Веднаш потоа храбриот Нурмагомедов го предизвика Флојд Мејведер. Наводно преговорите веќе се започнати, но прво мораат да се почекаат казните од Спортската комисија во Невада.

Кабиб во Москва изјави дека попрво ќе се бори со Мејведер отколку со УФЦ борецот, Тони Фергусон.

„Ако во предвид се земе честа, парите и условите за борба, дуелот со Мејведер е многу поинтересен. Секогаш интересно да се гледа како паѓа шампионот. Многумина би платиле да го гледаат пренесот со борбата од Мејведер. Некој ќе навива за него, некој против. Нашата борба ќе биде многу интересена. Ретко кој ми дава шанса, дури и во мојот тим не веруваат дека може да бидам успешен, но тоа дополнително ме мотивира“, порача Нурмагомедов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…