Дома Останати Кошарка И трет пат во низа исто финале: Голден Стејт – Кливленд! (Видео)

И трет пат во низа исто финале: Голден Стејт – Кливленд! (Видео)

cury

Кошаркарите на Голден Стејт и четврти пат во низа ќе играат во големото НБА финале, откако во одлучувачкиот натпревар од финалето на Западот славеа против Хјустон со 91:102 и со вкупни 4:3 во серијата добија прилика да го бранат шампионскиот прстен.

Како и во претходните три борби за титулата, повторно ривал ќе им биде Кливленд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во „Тојата центарот“ скоро и да гледавме пресликување на натпреварот број шест од Оукленд. Повторно пресудна беше третата четвртина која Вориорси ја добија со 33:15 (во Оукленд истата ја добија со 33:16) и од двоцифрен минус го свртеа резултатот во своја корист.

До тој момент подобар ривал и ја контролираше играта. Расположен за игра беше Харден кој во првата четвртина уфрли 14 поени, а во продолжение му се приклучија Гордон и Капел.

Од друга страна, Вориорсите не личеа на себе. Гостите до полувремето не успеваа да го поврзат нападот, правеа грешки, а во одредени моменти имаа и големи пропусти. Хјустон на полувреме замина со предност од 54:43.

Сепак, тимот од Оукленд во воведните минути од второто полувреме ја топеше разликата со одличната игра во одбраната. Хјустон не успеваше ништо да погоди подолг временски период, а во тие моменти беше забележително дека им недостасува Крис Пол, па Вориорси брзо се вратија на -3.

Од тие моменти следуваше фуриозна игра во нападот, Кари играше како во најдобрите денови, му се приклучи Дурант. Вориорсите го превземаа водството и после неколку моменти веќе +9 за нив 72:63.

Слична беше ситуацијата и во последните 12 минути. Томпсон, Дурант и Кари погодуваа од сите страни, додека Хјустон во еден момент имаше и 27 промашени тројки во низа и токму тука треба да ја бараат причината за поразот.

Најдобар во победничкиот тим беше Стеф Кари. Одличниот плеј-мејкер беше блиску до трипл-дабл со учинок од 27 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Кевин Дурант пружи уште еден одличен напаѓачки настап со 34 поени, пет скокови и исто толку асистенции. Клеј Томпсон додаде 19 поени, а Дрејмонд Грин 10 поени, 13 скокови и пет асистенции.

Кај Хјустон, Џејмс Харден имаше 32 поени, шест скокови и асистенции и четири украдени топки. Гордон уфрли 23 поени и запиша шест асистенции, а Клинт Капел натпреварот го заврши со 20 поени и девет скокови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…