Дома Останати Кошарка И тоа се случи: Тони Паркер после 17 години го промени клубот

И тоа се случи: Тони Паркер после 17 години го промени клубот

parker

Легендарниот француски кошаркар, Тони Паркер после 17 години го напушти клубот и како слободен играч премина во Шарлот Хорнетс.

Еден од најдобрите организатори на играта на сите времиња потпиша договор на две години вреден 10 милиони долари, пренесува „ЕСПН“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Генералниот менаџер на Шарлот, Мич Купчак не го криеше задоволството поради пристигнувањето на Паркер.

„Многу сме воодушевени што добиваме играч каков што е Паркер. Веруваме дека неговото искуство ќе и помогне на нашата екипа“, изјави Купчак.

Со тимот на Сан Антонио, Паркер четири пати го освојуваше шампионскиот прстен (2003, 2005, 2007 и 2014 година), а во 2007 година беше прогласен за МВП во финалето.
Во последната сезона на 55 натпревари просечо поминуваше на терен по 19.5 минути, постигнуваше 7.7 поени по натпревар и забележува 3.5 асистенции по натпревар.

Пред Сан Антонио настапуваше за Асвел и Париз Баскет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…