Дома Топ вести И Тер Штеген го дели мислењето на Меси: Барселона е подобра без Нејмар

И Тер Штеген го дели мислењето на Меси: Барселона е подобра без Нејмар

Иако многумина сметаа дека Барселона ќе биде ослабена со заминувањето на Нејмар, фудбалерите на овој клуб не сметаат така, прво Меси, а сега и Тер Штеген го искажа своето мислење.

Тер Штеген го дели мислењето на Лионел Меси кој непосредно по почетокот на сезоната истакна дека играта на Барселона во многу сегменти е подобрена по заминувањето на Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Барселона секако не го омаловажува Нејмар и ги пофали неговите квалитети, но и призна дека според него екипата сега игра многу подобро бидејќи повеќе посветуваат внимание на одбраната.

„Нејмар е фантастичен фудбалер и беше важен член на нашиот тим. Разбирам зошто замина и не можам да му приговорам. Сепак, верувам дека сега сме посилна екипа. Сега се промени нашиот стил, многу сме подобри во дефанзивата. Верувам дека можеме многу да постигнеме“, изјави Тер Штеген.

Барселона веќе во вторник ја очекува натпревар против Челси во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…