Дома Фудбал Италија И сестрата на Роналдо „скокна“ против Модриќ

И сестрата на Роналдо „скокна“ против Модриќ

Откако УЕФА синоќа наградата за најдобар играч му ја додели на Лука Модриќ, веднаш од таборот на Роналдо почнаа да испраќаат силни критики.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најпрво неговиот менаџер, Жорге Мендеш ја нарече таквата одлука на УЕФА „срамна“, а потоа и директорот на Јувентус Марота изјави дека Португалецот повеќе ја заслужувал наградата.

Нападите кон Модриќ и УЕФА не стивнуваат, па сега и сестрата на Роналдо – Катја Авеиро бурно негодуваше преку социјалните мрежи.

Таа на Инстаграм објави фотографија на која е обележана статистиката на Кристиано и Лука од изминатата година во Лига на шампиони и напиша:

„Готово, секој може да донесе заклучок“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кога се мери брзината, Бос е газда

ФИФА објави многубројни статистички податоци по завршувањето на првото коло, а еден од пои…