Дома Фудбал Италија И по СП во Русија, Вентура ќе остане на кормилото на Италија

И по СП во Русија, Вентура ќе остане на кормилото на Италија

Фудбалскиот сојуз на Италија го продолжи денес договорот со селектрот на репрезентацијата, Џампјеро Вентура до 2020. година.

„Имаме многу доверба во него“, истакна претседателот на сојузот, Карло Тавекио за италијанските медиуми.

Вентура ја презеде Италија од Антонио Конте по ЕП во 2016. година, а договорот го врзуваше до крајот на СП во Русија следната година.

Репрезентацијата на Италија со него на чело славеше на седум од десетте натпревари, додека останатите три ги одигра нерешено со Шпанија и Германија, а загуби и од Франција.

Вентура во својата 40-годишна тренерска кариера беше предводник на бројни италијански екипи, а пред преземањето на репрезентацијата, пет сезони го предводеше Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покониоли се надева на прва победа со Шкотска против Македонија

Себастиен Покониоли се стреми кон првата победа како селектор на Шкотска за да ја зголеми …