Дома Фудбал Репрезентации И покрај најавите, стартниот состав на Вентура ја изненади италијанската јавност

И покрај најавите, стартниот состав на Вентура ја изненади италијанската јавност

Репрезентацијата на Италија вечерва на домашен терен ќе го одигра реванш натпреварот против Шведска за пласман на СП во Русија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сигурно вечерва на „Сан Сиро“ не очекува спектакуларен меч бидејќи, Шведска славеше со 1:0 во првиот меч. На Италијаните им се заканува можност да го пропуштат Мундијалот, што ги запали сите можни аларми на Апенините.

Голема еуфорија владее во Италија, јасно е дека „Аѕурите“ ќе имаат голема поддршка од своите навивачи. Промените во состабот ги најави Вентура веднаш по поразот во Шведска и јасно е дека ќе се игра доста офанзивно. Сепак, и според најавите, стратегот успеа да ја изненади италијанската јавност со стартниот состав.

Италија: Буфон, Барзагли, Бонучи, Киелини, Дармиан, Пароло, Жоргињо, Флоренци, Кандрева, Габиадини, Имобиле

Клупа: Голини, Перин, Астори, Белоти, Едер, Бернардеши, Инсиње, Ругани, Запакоста, Ел Шарави, Де Роси

Шведска: Олсен, Агустинсон, Гранквист, Линделоф, Лустиг, Клаесон, Јохансон, Ларсон, Форзберг, Берг, Тоивонен.

Клупа: Дурмаз, Гуидети, Хеландер, Хохансон, Телин, Крафт, Норделфет, Олсон, Рохден, Сема, Свесон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Варди по една сезона повторно го менува клубот

Легендарниот Џејми Варди (39) ќе го напушти Кремонезе кога ќе му истече договорот на крајо…