Дома Останати И ова се случува: Светска шампионка украла кредитна картичка од колешка

И ова се случува: Светска шампионка украла кредитна картичка од колешка

Јулија Симон, која е светска шампионка во биатлон, украла кредитна картичка од колешка и плаќала при нарачка на производи од интернет.

Победничката на минатогодишниот Светски куп заврши во притвор во вторникот, откако против неа беше поднесена пријава од колешката Жастина Бријаз-Буше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Буше ја обвини 27-годишната Симон дека нелегално ја користела нејзината банкарска картичка и потрошила околу 2.300 евра.

Симон си купувала производи од „ГоПро“, кои ѝ биле доставени на домашна адреса.

„Има купувања кои се направени со кредитна картичка со моето име, но денес и јас сум жртва на оваа ситуација. Моето име било користено без моја дозвола и знаење“, кажа Симон во август 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …