Дома Останати Кошарка НБА И на специјалистите“за одбрана не им оди против Јокиќ: Србинот доминираше и донесе победа за Денвер! (ВИДЕО)

И на специјалистите“за одбрана не им оди против Јокиќ: Србинот доминираше и донесе победа за Денвер! (ВИДЕО)

jokic

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Никола Јокиќ изгледа незапирливо, а ниту најдобрите дефанзивци во светот не му можат ништо. Српскиот кошаркар го предводеше Денвер до нова победа и тоа против Мајами на гостински терен со резултат 103:99.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Србинот имаше учинок од 29 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

https://youtu.be/XMUBQ2nDEz8

Се менуваа Хасан Вајтсад и Бем Адебајо во чувањето на Јокиќ, но и двајцата немаа некој успеј. Јокиќ скоро секогаш го пронаоѓаше најдоброто решение кога ќе се најдеше очи во очи со домашните центри.

Одлично соработуваше со соиграчите кои ги „хранеше“ со асистенции.

Освен Јокиќ во Денвер одлични беа Мари со 18 поени, Лајлс додаде 15, Милисап 12, Крејг 11…

На Мајами не им помогна ниту враќањето на Дион Вајтерс кој заигра прв пат уште од декември 2017 година. Токму тој беше најефикасен во својот тим со 15 поени, по 13 уфрлијата Олинук и Адебајо, поен помалку имаше Вајтсајд.

НБА резултати

Кливленд – Индијана 115:123

Филаделфија – Вашингтон 132:115

Мајами – Денвер 99:103

Торонто – Атланта 104:101

Оклахома – Минесота 117:119

Феникс – Сакраменто 115:111

Голден Стејт – Њујорк 122:95

Лос Анџелес Клиепрс – Шарлот 128:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…