Двојниот стрелец од вчерашниот натпревар Александар Кокорин, призна дека не знае што му се случило на македонскиот шампион во вчерашниот натпревар, како и дека ги следел претходните натпревари на Вардар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме Зенит беше апсолутно подобар противник во дебитантскиот настап на Вардар во Лигата на Европа, па запиша убедлива победа од 0:5.
За играч на натпреварот беше избран Александар Кокорин кој покрај двата погодоци запиша и една асистенција.
„Не ми е јасно што му се случи на Вардар, во натпреварот против Фенербахче изгледаа многу сериозно. Тешко ми е да објаснам зошто денес бевме волку доминантни, но сепак задоволни сме од нашиот фантастичен настап“, изјави Кокорин.