Дома Фудбал Германија И натаму продолжува сагата за Левандовски: Хајнкес се огласи и кажа што ќе се случи…

И натаму продолжува сагата за Левандовски: Хајнкес се огласи и кажа што ќе се случи…

Тренерот на Баерн, Јап Хајнкес ги демантираше медиумските натписи дека Роберт Левандовски на крајот на сезоната ќе го напушти славниот минхенски клуб.

Последните денови во шпанската јавност се повеќе се зборува дека челниците на Реал по сезоната за заборав во Ла Лига, ќе донесат неколку фудбалери, меѓу кои е и Роберт Левандовски, но на таквиот расплет на ситуација баш и не му верува Хејнкес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во разговор за германските медиуми, тренерот на Баерн истакна дека напаѓачот кој досега постигна 174 погодоци во Бундеслигата, останува на „Алијанц Арена“ и во иднина.

„Дури и да знам нешто за тоа, ништо не би рекол. Ги познавам шпанските медиуми и знам дека има многу шпекулации. Исто така, морам да напоменам дека не знам што конкретно би се случило. Поради тоа верувам дека Роберт во следните две или три години ќе продолжи да биде еден од најдобрите голгетери“, истакна Хајнкес.

Но, што и да вели искусниот тренер, секако и натаму ќе биде поврзуван со Реал, особено откако Бензема е на излезна врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…