Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО И македонската полиција ќе биде дел од Евро 2020

И македонската полиција ќе биде дел од Евро 2020

Поради учеството на македонската репрезентација на натпреварите во Букурешт е најавено и присуство на македонска полиција.

Како што е најавено покрај домаќините свои тимови на полицијаци ќе имаат Македонија, Австрија и Унгарија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот“, соопштија од МВР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…