Рома во вчерашниот реванш натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите го совлада Ливерпул со 4:2, но и покрај тоа поради победата од 5:2 во првиот натпреварот тимот на Ливерпул се избори за финале во Лигата на шампионите каде што ќе игра против Реал Мадрид.
И овој натпревар како неколку претходно не помина без контроверзни одлуки. Од Рома со тврдат дека судијата Скомина ги оштетил барем за два пенали.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се наведуваше стартот над Џеко од Кариус кога беше досуден офсајд и играњето со рака Арнолд во својот шеснаесетник.
Сепак, навивачите на Ливерпул тврдат дека не е само Рома оштетена и пронајдоа неколку ситуации за кои тврдат дека судијата Скомина погрешил на нивна штета.